ММС

Објавено на: 09/19/21 3:54 PM

До 15 часот денес, попишани над еден милион граѓани

Над еден милион граѓани се попишани денеска до 15 часот, информираат од Државниот завод за статистика.

„ До 15 часот, денеска попишани се 1.000.034 лица. Попишувањето оди во најдобар ред и согласно планираниот интензитет,“ информираат од ДЗС.

Граѓаните кои имаат дилеми и нејаснотии во врска со процесот на попишување можат да се обратат во Бирото за Попис и на телефонските броеви кои се објавени на веб-страницата popis2021.stat.gov.mk.

Од ДЗС, посочуваат, дека успешноста на оваа статистичка операција зависи од сите нас и е за сите нас.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1