Затворен угостителски објект во Гостивар, биле затекнати гости без сертификат за вакцинација.
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 09/19/21 1:25 PM

Затворен угостителски објект во Гостивар, биле затекнати гости без сертификат за вакцинација.

Полицијата синоќа во Гостивар затвориле угостителски објект, затоа што во објектот затекнале гости без сертификат за вакцинација. Бил приведен и сопственикот.

„Вчеравечер (18.09.2021) во 21.35 часот, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода С.Е.(49) од гостиварско Чајле, во чиј угостителски објект на ул.„Живко Брајковски“ во Гостивар биле затекнати гости без сертификат за вакцинација, “ информираат од МВР.

Објектот е времено затворен од Државниот пазарен инспекторат, а против С.Е. ќе биде изготвен поднесок за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, согласно член 206 од Кривичниот законик.

фото-википедија


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7