ММС

Објавено на: 09/19/21 11:31 AM

Отворена со хебла и оштетена таблата за електрична енергија на прилепската модуларната болница

Некој физички ја оштетил таблата за електрична енергија на модуларната болница во  болницата во  Прилеп, информираат од Министерство за здравство.

Инцидентот бил пријавен синоќа во МВР од страна на обезбедувањето на болницата, кое што и го забележало оштетувањето.

„ Обезбедувањето на болницата забележало дека таблата од надворешната страна на болницата е отворена со хебла и го известиле електричарот од болницата, а веднаш била повикана и полиција. Струјата во модуларната болница е во функција, бидејќи надворешната табла не врши дотур на електрична енергија на опремата во болницата, соопштија од Министерство за здравство.

Во модуларната болница има хоспитализирано 17 пациенти и овој вандалски чин за среќа не довел да се загрози животот на пациентите.

Министерството за здравство апелира до надлежните институции за што побрзо расчистување на случајот, информираат од Министерство за здравство.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1