ММС

Објавено на: 09/19/21 9:39 AM

Посебен сообраќаен режим во Скопје за манифестацијата „Вело Фиеста“ од 9 до 14 часот

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека поради промена на терминот за одржување на манифестацијата “Вело Фиеста” изменет режим на сообраќај во главниот град денес ќе има во периодот од 09 до 14.00 часот, а не од 18 до 23 часот како што информиравме во претходното соопштение.
Посебниот режим на сообраќај се однесува на дел од ул.„Димитрие Чуповски“, на потегот од крстосницата со ул.„Даме Груев“ до крстосница со ул.„11 Октомври“ во Скопје.

Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај по наведените улици, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници по сообраќајницата каде што ќе се одвива настанот, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1