ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 09/18/21 11:42 PM

Александар Тодороски со ,,Под исто небо” е победник на 36-тото издание на Макфест

Александар Тодороски со ,,Под исто небо” е победник на годинашново, 36-то издание на Макфест.

Со огромна почит кон фестивалот, ‘dreams come true’ -порача победникот.

Втората награда отиде во рацете на Мартинијан Кириловски кој настапи со ,,Вистина”.

,,Благодарам на сите од срце”, порача тој на врачувањето.

Третата награда ја овои младата штипјанка, Марија Данева која особено емотивно реагираше и на сцената не ги воздржа солзите радосници откако претходно ја доби и наградата за најдобар сценски настап.

Наградата за најдобар аранжман беше доделена за песната ,,Денот што ни носи” на Александра Јанева, чиј аранжман го потпишува Лазар Цветковски.

Наградата за најдобра интерпретација пак, ја доби Лара Иванова со ,,Душа”, а и’ ја врачи штипјанката Елена Голомеова која има интернационална оперска кариера.

За најдобар дебитант беше прогласена Калина Велковска која настапи со ,,4”. Ова беше 36-то издание на Макфест, а фестивалот исто како и лани, се одржуваше на отворено со цел поголема заштита од вирусот.

Вања Мицевска

фото: Вангел Тануровски


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1