ММС

Објавено на: 09/18/21 2:30 PM

Времето ќе се стабилизира од понеделник, но температурите ќе паднат

До крајот на денот не’ очекува нестабилно време, особено во северните и западните делови со повремено пороен дожд, грмежи и засилен ветер од над 60 километри на час. Во северните делови ќе биде и значително посвежо.

Од Управата за хидрометеоролошки работи за утре најавуваат краткотраен пороен дожд со ретки грмежи претежно во планинските региони.

Од понеделник не’ очекува претежно стабилно време со повремено зголемена облачност и нешто пониски дневни температури. Особено посвежо ќе биде од среда.

Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Попова Шапка – шест литри на метар квадратен, како и во Крива Паланка – два и Пожаране – еден.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1