ММС

Објавено на: 09/18/21 1:49 PM

Сакале нелегално да влезат овде од Србија: Дрвајца Кубанци протерани од државава

На двајца Кубанци денеска им биле издадени решенија за протерување на странец и забрана за влез во државата во траење од 5 години поради непоседување на патни исправи и илегално преминување на границата од Република Србија кон Република Северна Македонија – соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

– Утринава во 02:45 часот кај с.Егри, битолско, полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Меџитлија ги лишиле од слобода Р.М.Л.А.(26) и Л.С.Б.Л.(26), двајцата од Куба. Тие не поседувале патни исправи и изјавиле дека на 17.09.2021 илегално ја преминале границата од Република Србија кон Република Северна Македонија. На двајцата им биле издадени решенија за протерување на странец и забрана за влез во државата во траење од 5 години, информира МВР.

Од Министерството наведуваат дека двајцата Кубанци ќе бидат предадени во Прифатен центар „Винојуг” во  Гевгелија за понатамошна постапка


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1