ММС

Објавено на: 09/18/21 12:28 PM

Крадејќи пари, запалил црква: Полицијата приведе млад скопјанец

На 14.09.2021 полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево, при обид за тешка кражба во црква „Свети Петар и Павле” на ул.„Горно Лисиче” го фатиле и лишиле од слобода Ѓ.П.(25) од Скопје.

Тој бил приведен во полициска станица и со него е извршен службен разговор, при што Ѓ.П. ги појаснил делата извршени во помошните простории на црквата. Имено, истиот ден, тој со употреба на сила влегол и во капелата „Христово воскресение”, одзел пари и предизвикал пожар, кој за кусо време се изгаснал.

Во координација со Јавен обвинител, против него ќе следува кривична пријава по чл.236, чл.288 и чл.236 во врска со чл.19 од Кривичниот законик, соопштија денеска од МВР.

 

Фото:  Архива / Facebook


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1