ММС

Објавено на: 09/18/21 11:04 AM

Запленети 860 килограми режан тутун по пазарите и во магацински простории во Скопје

Одделението за истраги – Сектор за контрола и истраги при Царинската управа, Одделот за криминалистичка полиција при МВР и Пазарната инспекција, спроведоа заедничка акција против нелегална продажба на режан тутун низ пазарите на територија на Град Скопје. Предмет на акцијата беше контрола и заплена на производи кои нелегално се продаваат и коишто претставуваат акцизни добра.

Во акцијата се запленети 860 килограми режан тутун кој беше пронајден по пазарите и други магацински простории, соопштија денеска надлежните.

Со ова се избегнати давачки во износ од 1.763.000 денари. Против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1