ММС

Објавено на: 09/17/21 3:17 PM

(ВИДЕО) Протести во Тетово поради трагедијата во модуларната болница

Во Тетово попладнево започнале протести поради трагедијата во Тетово кога на 8 септември во пожар изгоре модуларната болница и во која загинаа 14 пациенти.

Алсат телевизија директно со видео пренесе дел од атмосферата на протестот на кој жители на Тетово со транспаренти бараат одговорност од надлежните, потенцирајќи дека истрагата се одолговлекува.

„Треба да знаеме што е причината, зошто се случи тој пожар“, рече еден од демонстрантите за телевизија Алсат.

 

Извор и видео: ТВ Алсат


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1