ММС

Објавено на: 09/17/21 1:08 PM

Наскоро во ресторан само со две дози вакцина

Епидемиолозите прават детална анализа, со која го анализираат бројот на новодијагностицирани случаи, градовите во кои се дијагностицирани, возрасните групи на дијагностицираните граѓани и опфатот со вакцинација во тие посебни градови односно региони. Тоа е битна анализа затоа што тоа ќе ни биде еден од индикаторите за евентуално да предложиме нови мерки – изјави денеска министерот, Венко Филипче.

Тој на денешната прес конференција соопшти дека наскоро со сигурност ќе се препорача нова мерка, односно за влез во угостителски и други објекти, наместо потврда за една, ќе се бара потврда за две дози вакцина.

„Тоа ќе биде во октомври“, посочи министерот.

Прашан дали ќе има дополнителни мерки, рече дека засега се планира само оваа мерка.

„Тоа сигурно ќе се донесе, тоа е разговарно, но ќе оставиме доволно простор за граѓаните односно две или три недели и ќе препорачаме ова да биде во октомври“, изјави Филипче.

Тој укажа дека со рестрикциите за влез во угостителски објекти се зголемил опфатот на вакцијација.

„Вакцинацијата добро се спроведува во сите пунктови, гледаме дека последните денови има намалување на интересот, по предложените мерки дневно имавме и до десет илјади вакцинирани граѓани, сега таа бројка е негде околу две илјади“, додаде Филипче.

Тој рече дека од населението над 18 години, вакцинирани се 46 проценти. Вкупниот опфат со вакцинација на тоталната популација е 37 процени и таа варира по градови. Најголем интерес има во Охрид, Ресен , Росоман, Кавадарци и Неготино, а најмалку во Тетово и Гостивар.

Во меѓувреме, тој информираше и за анализата во однос на починатите пациенти.

„Евидентно е дека вирусот се шири меѓу невакцинираните. Над 90 % од сите починати се невакцинирани и од вкупно дијагностицирани од 06 до 16 септември, од вкупно дијагностицираните близу 30 илјади граѓани или 21 процент се вакцинирани. Гледаме што се случува во околните земји, евидентно е сегде вирусот се шири и има тешка форма на болеста кај невакцинираните. Апелирам граѓаните да се вакцинираат и понатаму. Се’ уште е мал овој офпат, потребен е поголем процент за да постигнеме поголем опфат“, додаде Филипче.

В. Ми


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1