ММС

Објавено на: 09/17/21 12:33 PM

Да не беа модуларните болници ќе ни се случеше италијанско сценарио, вели Филипче

Изградбата на модуларните болници е модел без којшто не само ние, туку ниту една држава немаше да ја менаџира кризата. Нема модел со којшто може да се направат толку голем број на кревети, за толку кратко време – изјави денеска министерот, Венко Филипче одговарајќи на новинарско прашање колку биле неопходни монтажните болници и дали надлежните инспекторати направиле увид.

Тој истакна дека биле направени 700 болнички кревети за помалку од два месеца.

-Благодарение на тоа имаше каде да сместуваме пациенти – изјави Филипче.

„Алтернатива на тоа е италијанското сценарио да нема луѓето каде да се сместат и да се заглавени во болничките возила, едноставно да не можеме да им пружиме помош. Во ситуација на пандемија само тоа е решение. Апсолутно преземавме мерки и ги задолживме сите директори каде што има модуларни болници да направат контрола и не’ известија дека се проверени сите инсталации, целокупниот персонал дали се однесува согласно упатството кое е дадено на примопредавањето и сите потврдија дека тоа е во најдобар ред. И сега и тогаш за време на претходните бранови има огромен број пациенти кои се лечат таму, имавме денови кога над половина од пациентите беа таму сместени. Тоа е концепт кој го користат во цел свет“, додаде министерот.

Тој информираше дека се чекаат резултатите од истрагата за пожарот на тетовската модуларна болница за да се види дали проектот за изградбата може да се подобри.

 

В. Ми

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1