ММС

Објавено на: 09/18/21 6:39 PM

Развратот и лудилото на божицата од Холивуд: Мажите и’ јаделе од рака, за нејзината животна приказна се’ уште се зборува

Ава Лавинија Гарднер била американска актерка која во четириесеттите и педесеттите години од 20-от век и била една од најистакнатите на холивудската сцена. Кариерата ја почнала во 1941-та година, а кратко време потоа станала вистинска ѕвезда која публиката ја препознавала по улогите во „Босонога контеса“ и „Снеговите на Килиманџаро“.

Американскиот филмски институт ја прогласил за една од најголемите актерки од минатиот век, а во текот на нејзиниот бурен живот имало скандали кои го привлекувале вниманието на јавноста, можеби и многу повеќе од нејзините улоги на филмското платно.

Заводничката е родена!

Младата зеленоока убавица имала 18 години кога првпат се појавила во филм. Од страна на Ем-Џи-Ем студио и’ бил понуден договор, па таа го напуштила колеџот и дошла во Холивуд. Набргу потоа се преселила во Лос Анџелес каде што го запознала актерот, Мики Руни. Се венчале во 1942-та година во Калифорнија, а по една година се развеле.

Руни подоцна се „фалел“ дека нивниот сексуален живот бил одличен, на што Ава духовито одговорила: „Па, тој можеби и уживал во сексот, но небото знаe дека јас не уживав“.

До 1946-та година, Ава снимила неколку филмови, но дури по улогата во филмот „Убијци“ станала позната како филмска ѕвезда, но и како секс симбол. Неполна година подоцна, таа стапила во брак со џез музичарот Арти Шоу, но и со него се развела. Лекцијата од првиот брак, Ава добро ја научила. Начинот на живот на Руни сепак, изгледа и’ се допаднал, па тивката и срамежлива девојка „изчезнала“.

Френк Синатра поради неа ќе изгубел се’

Третиот и последен брак на Ава Гарднер бил со пејачот и актер, Френк Синатра, кој поради Ава ја напуштил сопругата Ненси, што било ударна вест во медиумите во тој период.

Синатра го осудувале бидејќи ја напуштил својата жена, а тоа се одразило и на неговата кариера, додека за Ава сето тоа било успех бидејќи таа добила имиџ на заводничка и секс симбол.  Бракот со Синатра бил бурен.

-И двајцата бевме опсесивно љубоморни. Се каравме па се смирувавме, бурно се разделувавме, па со страст се враќавме еден кон друг. Бевме прекранси во кревет – изјавила Ава во врска со Синатра.

Кога дознала дека е бремена, одлучила кариерата да ја стави пред мајчинството и го абортирала бебето.

-Не можевме да се грижиме ни за себе, а како тогаш би се грижеле за деца – се правдала таа подоцна.

За ова Ава зборувала и години подоцна тврдејќи дека отсекогаш сакала деца, но дека едноставно тогаш не било момент за тоа.

-Да одлучев да родам дете, платата ќе ми беше многу помала. Па, од што би живеела? Френк во тоа време беше без пари, а јас имав бројни договорени филмови – изјавила таа во една прилика.

Ава Гарднер и Ернес Хемингвеј – пријателство на пороци и депресија

По сите скандали, но и успехот кој го доживеале кон средината на 50-те години, Ава Гарднер и Френк Синатра се развеле по шест години брак, а актерката одлучила да почне нов живот во Шпанија. Таму го запознала Ернест Хемингвеј, кој зад себе имал четири брака, па се заљубил во Ава. Од друга страна, актерката се воодушевувала на неговиот талент, но информациите говорат дека тие никогаш не ја преминале границата на пријателство.

Тогаш Хемингвеј ја запознал Ава со матадорот, Луис Мигел Доминго со кој Ава имала страсна врска откако тој бил воодушевен од неа и посакал со неа да се ожени само еден месец откако се запознале.

Но и ваквата љубов имала краток рок на траела, а единствениот константен маж во животот на Ава ќе остане токму Хемингвеј со кој, освен славата ги поврзувале бројни пороци, како и борбата со депресијата.

Ава го изгубила на 2-ри јули 1961 година, кога славниот писател извршил самоубиство.

Со љубов, Френсис

Актерката во 1968-та година се преселила во Лондон. Таа повремено снимала филмови, но никогаш не успеала да се врати на старата слава.

„Би сакала да доживеам 150 години и тоа со цигара во едната и со чаша виски во другата рака“, изјавила таа.

Сепак, таа добила пореметување на имуниот систем  и два пати доживеала мозочен удар, по што останала делумно парализирана. Ава Гарднер умира од воспаление на белите дробови на 25-ти јануари 1990 година, на 67-годишна возраст.

Последните зборови кои таа ги упатила кон нејзината помошничка Кармен биле: „Многу сум уморна“.

Иако материјалните можности и биле доволно за да си плати да се лекува, за неа се грижел Френк Синатра кој годишно плаќал 250 илјади долари за медицинска помош. На погребот на актерката една црна лимузина се паркирала зад колоната од стотици луѓе. Од автомобилот никој не излегол, но се претпоставува дека во него бил Френк Синатра. Потоа на гробот на Ава е забележан букет цвеќе со едноставна порака: „Со љубов, Френсис“.

 

Извор:  stil.kurir.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1