ММС

Објавено на: 09/17/21 8:13 AM

Нарачала плескавица и во неа загризала човечки прст – Хорор во ресторан за брза храна во Боливија

Одвратната сцена се случила во ресторан за брза храна во Боливија, пренесуваат странските медиуми. Жена нарачала хамбургер и добила човечки прст во него кој веќе бил во фаза на распаѓање!

Естефани Бенитез редовно одела во ресторанот „Хот бургер“ во Санта Круз де ла Сиера, и вели дека загризала од својата омилена брза храна кога сфатила дека нешто не е во ред.

Таа исплука парче отсечен човечки прст, кое веќе почна да гние, а потоа направила сцена во ресторанот! Вработените биле целосно збунети и не можеле да и објаснат од каде потекнува парчето прст во меленото месо, велејќи само дека месото е подготвено и спакувано на друго место и дека само го печат и послужуваат.
„Додека таа викала и го снимала целиот инцидент на нејзиниот мобилен телефон, тие продолжиле да подготвуваат храна како ништо да не се случило“, рекол еден од очевидците за локалните медиуми.

Полицијата се вклучила во целата приказна, и на крајот било утврдено дека прстот му припаѓа на месар кој подготвува мелено месо за овој синџир на ресторани.

„Тоа е несреќен инцидент“, објави ланецот „Хот бургер“, со надеж дека на тоа ќе се заврши, но ресторанот во кој се случи оваа гнасотија веднаш бил затворен и казнет.

Извор и фото: mondo.rs

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1