ММС

Објавено на: 09/16/21 1:21 PM

Мицкоски од Тетово: Ми се гади од изјавата на Заев

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски чувствува гадење до денешната изјава на премиерот Зоран Заев дека не размислувал да даде оставка од морални причини после трагедијата во модуларната тетовска болница.

Ова тој го изјави од Нераште,тетовско каде што заедно со пратеникот Александар Велјановски биле да изразат сочувство и да поразговараат со луѓето кои што беа сведоци практично на  пожарот кој што однесе 14 човечки животи.

– Кога човек ќе се поистовети со функција и кога себеси ќе се интерпретира со функција тоа сум јас, во услови кога невини човечки животи згаснаа е тажна и жална. Доколку тој човек не чувствува ни малку морална одговорност и тоа се обидува да го интерпретира дека ако тој замине, а Мицкоски ќе бил премиер тогаш навистина освен она чувство на гадење кое што во овој момент го имам друго немам што да кажам. Додека министерот за здравство кој што е најодговорен за овој случај таму каде што е, до кога неговиот заменик е таму каде што е, додека овие луѓе ја водат Владата не очекуваме непристрастна истрага. Многу е јасно, објектот немал дозвола за употреба, а е пуштен во употреба. Треба ли уште повеќе да зборуваме. Овде треба кривична одговорност, овде треба 10-тина години затвор за тие кои што го дозволиле да се случи – истакна Мицкоски.

Тој разговарал со двајцата синови на мајката која што е жртва во пожарот.

– Разговарав со двајцата синови на мајката која што е жртва на тие настани. Дел од тоа што го преживеа, пренесоа и навистина можам да изразам големо жалење, затоа што тоа што го слушнав е навистина траорно и трагично и болно.

Она кое што ние како ВМРО-ДПМНЕ можеме да го ветиме и да се обврземе и јас како човек е дека оваа работа, порано или подоцна ќе ја истуркаме до крај и виновниците мора за ова да сносат одговорност, без разлика дали таа е функционална или морална – додаде лидерот на најголемата опозициска партија.

О.К.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1