ММС

Објавено на: 09/16/21 12:48 PM

(Видео) Не можам да поминам за да одам на погреб кај татко ми – Скопјанка заглавена во сообраќајниот метеж во Скопје

Само ги замолувам да ми направат простор автомобилите, за да поминам и да одам на погреб кај татко ми, рече утрово скопјанка која се најде на крстосницата кај базенот Карпош во сообраќајниот хаос низ градов.

Во Скопје утрово се случи сообраќаен колапс не само во тој дел од градот, туку и во центарот. Закочен беше и булеварот „Климент Охрдиски, од раскрсницата  кај студенскиот дом „Кузман Јосифовски“ во правец кон „Партизанска“, кај Соборниот храм.

Каков беше сообраќајниот хаос погледнете од видеово кое се споделува на Твитер.

Дека ваков сообраќајно хаотичен ќе биде денов денес,  вчера информираа и од МВР.

-Во Скопје утре ќе се одржи меѓувладина седница помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Косово. Од тие причини, информираат од МВР,  Секторот за внатрешни работи Скопје ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Град Скопје. Секторот за внатрешни работи  Скопје апелира  до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници со цел непречено одвивање на сообраќајот, информираа од МВР.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1