ММС

Објавено на: 09/16/21 12:20 PM

„Бустерот“ штити 10 пати повеќе: Во Израел истражено колку е значајна третата доза вакцина

Третата доза од вакцината на Фајзер создава 10 пати повеќе антитела отколку втората доза – покажа мини истражување во Израел.

Лекарите во една болница кај Тел Авив го споредиле нивото на антитела кај персоналот по втората и третата доза вакцина. Тие воочиле дека вакцината на Фајзер која во Израел се користи за масовна имунизација, создава одличен имунитет по третата доза. Иако овие податоци се однесуваат само на персоналот од конкретната болница, лекарите веруваат дека истражувањата на поголем број луѓе би дале слични резултати – пренесува Дејли Мејл.

Од болницата најавија дека во следните месеци ќе продолжат да го следат нивото на антитела кај вработените за да може да утврдат дали бројот на „заштитници“ од корона во организмот продолжува да опаѓа по третата доза или можеби таа е клучот за траен имунитет.

Инаку, Израел беше првата земја во светот која одобри да се дава трета доза. Во почетокот „бустер“ вакцината беше препорачана само за постарите од 65 години, но потоа беше одобрена за сите граѓани од таа земја постари од 12 години. Досега трета доза примиле околу 3 милиони жители. Израелците беа први по број во вакцинирани уште во декември.

 

Фото: Илустрација / Freepik

Извор:  index.hr


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1