ММС

Објавено на: 09/16/21 10:18 AM

Фитнес инсфлуенсерка заврши зад решетки поради пакет со стероиди

Канадска фитнес инфлуенсерка и бодибилдерка е обвинета за шест кривични дела откако полицијата ја поврза со пакет стероиди – пишува Инсајдер. Посебен истражен тим соопшти дека Мелиса Кејт Бамстед поседува шест различни контролирани супстанци вклучувајќи анаболички стероидни лекови тестостерон пропионат и дростанол пропионат.

Истражителите изјавиле дека освен тестостерон и дростанолон, Бамстед поседувала и тренболон ацетат, оксандролон, местеролон и станозолол.

Бамстед е уапсена минатиот петок на Флорида, откако истражителите направиле претрес во станот кој е во сопственост на нејзиниот брат Кристофер.

Истрагата почна на 1 септември кога американската царина „одбрала“ пакет за „опсежна проверка“на кој било наведено името на Мелиса. Во него се пронајдени шишенца стероиди и други лекови кои се издаваат на рецепт. На пакетот бил ставен и уред за следење кој праќа предупредувачки знак кога некој ќе го отвори, а потоа е испорачан на адресата на Мелиса. На нејзините раце се пронајдени докази дека таа го отворила пакетот. Инфлуенсерката потоа е уапсена па пуштена во саботата со кауција од 30.000 долари.

Бамстед на Инстаграм ја следат 106 илјади луѓе, а нејзините објави вклучуваат видеозаписи од теретана и фотографии од мускули. Таа во 2018 година го освои првото места на натпреварот  Tampa Pro Figure, а истата година беше и вицешампион на натпреварот Los Angeles Pro Figure. Три години претходно таа го освои првото место во категоријата figure на државното првенство кое го организираше Канадарската федерација за бодибилдинг.

Фото: Инстаграм / melissabum

Извор:   index.hr


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1