ММС

Објавено на: 09/15/21 6:56 PM

Починати 32 пациенти од Ковид-19, регистрирани нови 617 случаи

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа од направени 4.621 тестирање регистрирани се 617 нови КОВИД случаи, оздравени се 450 пациенти, а починале 32 лица.

Од новите случаи на Ковид-19 најмногу се во Скопје – 314, по што следат Куманово – 47, Струмица – 29, Штип – 26, Кавадарци и Кичево – по 19, Охрид – 18, Велес, Свети Николе и Радовиш – по 14, Ресен – 13, Гостивар и Кочани – по 12, Тетово и Битола – по 10, Прилеп и Струга – по 8, Крива Паланка – 6, Берово – 5, Пробиштип – 4, Кратово – 3, Гевгелија, Неготино, Делчево, Виница и Македонски Брод – по 2, Дебар и Демир Хисар – по 1.

Регистрираните 450 оздравени пациенти се од Скопје – 250, Куманово – 24, Гостивар и Прилеп – по 23, Тетово – 16, Велес – 15, Битола – 14, Кичево – 13, Струмица – 12, Свети Николе – 11, Штип  – 10, Македонски Брод – 8, Кавадарци – 5, Неготино – 4, Кочани Кратово и Гевгелија – по 3, Ресен, Берово, Пробиштип и Богданци – по 2, Охрид, Радовиш, Крива Паланка, Дебар и Крушево – по 1.

Десет од починатите лица се од Скопје (83г, 75г, 74г, 73г, 71г, 69г, 69г, 64г, 63г и 55г), четири од Струмица (82г, 70г, 59г и 58г), три од Гостивар (74г, 64г и 53г), по две починати лица има од Куманово (66г и 52г) и Тетово (81г и 78г), а по едно починато лице од Прилеп (83г), Кичево (41г), Македонски Брод (40г), Кавадарци (71г), Гевгелија (68г), Пробиштип (63г), Богданци (49г), Охрид (80г), Дебар (61г), Струга (86г) и Валандово (81г). Дваесет и девет лица се починати во болнички услови, а три во домашни услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 184 893, бројката на оздравени пациенти е 165 527, на починати е 6 339, а бројот на активни случаи изнесува 13.027.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1