ММС

Објавено на: 09/15/21 6:18 PM

Марина има околу 45 килограми, ми рече дека мисли дека ќе умре: Потресна исповед на синот на Марина Туцаковиќ

Милан Лача Радуловиќ, објаснил што се случило во вторникот, 14 септември, во семејниот дом каде се разболе неговата мајка, познатата Марина Туцаковиќ.

– Дојде техничар и и даде дексазон и аминофлин. Дише полесно, но сепак е лошо. Мајка ми е многу болна со денови, го помина последниот процес на хемотерапија, кој го издржа многу лошо. Тaa тежи околу 45 килограми. Нејзиното тело многу лошо поднесе се што се случува. Последните неколку дена беа многу, многу лоши. Требаше да оди на зрачење, но,  сепак, таа е премногу слаба за зрачење. Не знам што ќе се случи следно – рече Лача и додаде:

– Денес се случи да има ненадејно задушување, буквално ми рече дека мисли дека ќе умре. Во тој момент, повикав брза помош, нашата медицинска сестра не можеше да дојде. Амбулантата потоа ме упати на патронажна служба. Беше околу 10 часот наутро, и ми рекоа да им се јавам околу 14-14.30 часот – објасни синот на  текстописецот.

– Ги зедов работите во свои раце и во целото тоа лудило и паника кога барав луѓе, објавив твит со цел што побрзо да реагирам за да не умре мајка ми – истакна Лача за Нова.рс.

– Запалиете свеќа за мама, тоа е единствената изјава.

Госпоѓата која е вработена кај Марина открила дека таа прима инфузија и дека не е добро.

– Марина моментално прима инфузија, лошо е, знаеш … Не е добро, но се надеваме дека ќе биде добро – рекла жената.

На прашањето дали е познато дали Марина има корона вирус, таа одговорила:

– Кој ќе знае! Само се надеваме дека ќе помине добро.

Извор: Телеграф.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1