ММС

Објавено на: 09/15/21 5:39 PM

Пристигна тимот од германски експерти за истрага на пожарот во болницата во Тетово

Тим од германски експерти кои треба да ги истражат причините и околностите за пожарот во модуларната ковид болница во Тетово денеска пристигна во државава, потврдија за МИА од Владата.

Германскиот тим од Федералната криминалистичка служба, како што беше најавено претходно, е составен од четворица експерти и тоа од двајца крим техничари и форензичари за истражување пожари и двајца крим техничари и форензичари за ласерско мерење на простории и за фотографирање.

Во пожарот што избувна пред една недела во модуларната болница во Тетово животот го загубија 14 лица.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1