ММС

Објавено на: 09/15/21 4:32 PM

Карпош, и Бардовци е твое дете – Почна протестот против изградбата на Прифатен центар за странци

Попладнево почна протестот на жителите на скопско Бардовци против изградбата на Прифатен центар за странци во близина на нивното населено место.

Со транспаренти на кои пишуваше: „Карпош… И Бардовци е твое дете“, „Ние и нашите деца сакаме мир“, протестот започна кај паркингот на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ и ќе продолжи кон Влада.

Бардовчани бараат релокација на центарот и запирање на изградбата, бидејќи според нив, со изградбата на центарот ќе им бидат нарушени мирот и сигурноста.

Поради протестот, додека поминуваше колоната, семафорите беа исклучени, а сообраќајот го регулираше собраќајна полиција.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1