ММС

Објавено на: 09/15/21 4:13 PM

Жена од Дебар го тепала синот и го присилувала да питачи

Вчера во ОВР Струга приведена е М.Н.(28) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“, информираат од МВР.

Таа, околу 15.30 часот на улицата „Климетица“ во Струга физички го нападнала својот осум годишен син и го присилувала да питачи. Од полициски службеници и претставници од Центарот за социјални работи малолетникот бил пренесен во Општата болница во Струга каде му била укажана лекарска помош и констатирани телесни повреди, по што бил пренесен и сместен во Јавната установа „Мајчин дом за доенчиња и мали деца“ во Скопје.

По целосно документирање на случајот ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1