ММС

Објавено на: 09/15/21 3:50 PM

Пристигна втората група Авганистанци во земјава

Попладнево на скопскиот аеродром слета втората група на граѓани од Авганистан. Вкупно 45 луѓе, меѓу кои дванаесет семејства пристигнаа во Скопје со лет од Катар.

На аеродромот во Скопје овојпат немаше свечен пречек за пристигнувањето на новата група на Авганистанци.

Меѓу патниците има и една бремена жена, но не е во поодмината бременост. Ова е втора група на граѓани од Авганистан кои пристигнаа во земјава. Првата група, односно вкупно 149 Авганистанци, пристигнаа пред две недели.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1