ММС

Објавено на: 09/15/21 3:05 PM

40 години живеел во џунгла: Починал од рак 8 години откако се вратил во цивилизација

Тразан на новата доба кој 40 години, починал од рак на црниот дроб на 52 -годишна возраст – осум години по враќањето во цивилизацијата.

Хо Ван Ланг почина од рак минатата недела, веста го обиколи светот дека вистинскиот Тарзан на нашето време починал.

Хо Ван Ланг избега во дивината со својот татко во далечната 1972 година, кога започна американското бомбардирање на Виетнам за време на граѓанската војна во која беше убиено целото негово семејство.

Тоа беше 2013 година кога двајцата повторно воспоставија контакт со цивилизацијата и веруваа дека војната се уште беснее. Дојдоа во едно село и побараа медицинска помош за таткото на Ланг, Хо Ван Тан.

По 2013 година, Ланг започна да живее релативно модерен начин на живот, но пријателите веруваа дека стресот и лошата исхрана во современото општество има лош ефект врз неговото здравје.

Неговиот пријател, Алваро, рече дека „модерниот“ живот имал фатални последици за Ланг откако почнал да јаде преработена храна, а понекогаш и да пие алкохол.

Таткото и синот живееле во џунглата со децении, откако биле забележани од селаните додека барале огревно дрво.

Двајцата носеле, т.е. биле облечени во специјална облека изработена од кора од дрво, живееле во колиба што ја изградиле која била направена 5 метри над земјата. Се хранеле со уловен дивеч и овошје, и саделе пченка. Хо Ван Тан го знаеч локалниот јазик, додека Ланг знаел само неколку зборови.

Кога дрвосечачите виделе двајца мажи во далечината како се однесуваат чудно, ги пријавиле кај локалните власти. Веднаш бил формиран тим, кој ги пронашол во август 2013 година, по петчасовна потрага.

Лагн се вратил да живее во семејниот дом во 2016 година. Неговиот пријател Алваро, кој исто така снимил документарен филм за Ланг, рекол: „Тој беше најфасцинантната личност што сум ја сретнал. Сакав да научам нешто ново за опстанокот во џунгла, па Ланг ме одведе во колиба каде што живееше 40 години. Додека ние преживувавме во џунглата, се што правев со часови, тој можеше да го заврши за неколку секунди. Беше мало дете со вештини на супер човек “.

Преземено од: https://stil.kurir.rs/

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1