ММС

Објавено на: 09/15/21 2:21 PM

Нема да ни падне капата од глава ако некој од своите нè критикува, рече Зев мислејќи на критиките од претседателот Пендаровски

На денешната средба со новинарите Заев беше запрашан и за критиката до власта од претседателот Стево Пендаровски кажано во телевизиско интервју. Тој, го оправда Пендаровски и рече дека неговата функција меѓу другото е и да биде коректив.

-Како и секогаш не си дозволувам длабински анализи на интервјуа и ставови на претседателот. Претседаелот си е претседател и секако неговата функција меѓу другото е да биде коректив. Почитуваниот претседател  Пендаровски беше советник за НАТО во мојот кабинет, а денеска е претседател на сите граѓани на Северна Македонија и тоа што тој го соопштува јас го прифаќам најдобронамерно за да отстраниме одредени слабости, да учиме од одредени недостатоци во минатото, да се усовршуваме и да се подобруваме. Повеќе од две години е претседател на сите граѓани, ја врши одлично својата функција. На нас политичарите нема да ни падне капата од глава ако некој дури и од своите редови, кој бил поддржан од нас,  ни испратил критика. Треба да учиме од критиките, да се поправаме за да бидеме уште подобри, рече премиерот.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1