ММС

Објавено на: 09/15/21 2:06 PM

„Никој не е венчан за функција, ниту е од татко му наследена“, рече премиерот Заев зборувајки за оставките и одговорностите

На денешната средба со новинарите во Штип премиерот заев беше прашан за оставката на министерот за здравство Филипче, но и за моралното чувствo за да се поднесат oставкi по случувањата во Тетово кога загинаа 14 луге во пожар.

-Ќе чекаме да ги добиеме вештите наоди, форензичарските извештаи, вклучително и германските, па тогаш ќе ја кажам мојата одлука.  Постапката ја води Јавното обвинителство. Јас само можам да упатам апел, тоа што граѓаните го бараат, а тоа е професионално и експертски целосно да се заврши и колку што е можно побрзо. Кога ќе бидат соопштени наодите, тогаш и јас ќе го кажам моето мислење за оставките. Чувството за морална  одговорност е разбуденo. Јас ги поздравувам моралните и етичките пориви на сите кои си поднесоа оставка. Не можеме да ја распуштиме државата. Тагата е голема, болката е кај сите присутна и кај народот и кај политичарите. Сите сме на крајот од крв и од месо и болката е голема. Многу е важно да се знае дека заради политички агенди и пориви никој не треба ништо да прави. Заради етички и морални и лично чувство може да превземат одредени чекори. Пред се е важно дали системот е добро поставен, кои биле слабости, од нив да учиме и да не дозволиме да се случуваат други трагедии. Гледате дека и од оваа трагедија се има извлечено поуки, се прават дополнителни контроли на модуларните болници, на комплетно здравствениот систем од надлежните  инспекциските служби и веројатно долг период пред нас ќе има сериозен мониторинг на ваквите објекти. Иако времено се поставуваат модуларните болници, така е во светот така и кај нас, сепак, се решение за згрижување на многу наши граѓани. Но она што можам да го извлечам како заклучок е дека сите треба да учиме од слабостите на системот, трагедиите треба да ги прифаќаме како трагедии со најобјективни претпоставки, согледувања и одговорности. Никој не е венчан за ниедна функција, ниту е од татко му наследена. Секој е замелнив и не смееме да се поставуваме несоодветно заради скриени политички побуди или други намери. Треба чесно транспарентно да дискутираме. Јас многу малку зборувам за детали, тоа го остaвам на стручните луѓе, екпертите, тоа го чека народот и јас како прв во извршната власт и согласно тоа ќе ги влечеме потезите, рече Заев и додаде:

-Моралното чувство за оставка  што го видовме кај тие што ги дадоа оставките е за поздравување. Знам дека уште следниот ден наутро сите побараа да го повлечат овој чекор, но  тој чекор се овозможи потоа да го направат, затоа што водите грижа како постапувате во услови на избори. Не смеете да разрешувате, именувате, член 8 а од изборниот законик е јасен. Немаме други решенија затоа соодветно се прават чекорите. Ако мислите дека целата Влада, целиот здравствен систем, целиот парламент и народ да се распушти нека го побараат тоа. Тоа на крајот на избрите луѓето секогаш може да го кажат. Јас сум одговорен човек често знам да прифатам корективи, одговорности. И на последните избори отидовме на избори заради одговорност. Верувајте никој не е врзан со својот живот само за одредени функции, тие не се само право и чест, туку одговорност така да треба да бидеме пред се луѓе, да бидеме чесни и да ги следиме примерите на најсовремените демократски земји, рече Заев.

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1