ММС

Објавено на: 09/15/21 12:49 PM

Струмичанец, скопјанец и тројца кавадарчани се степале во Неготино

Во полицијата вчера е пријавена физичка пресметка во Неготино меѓу пет лица од Кавадарци, Струмица и од Скопје – соопшти денеска портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

– Во Полициската станица Неготино, А.Х.(21) од Струмица пријавил дека околу 16 часот во кругот на приватно претпријатие во Неготино, по кратка расправија, настанала физичка пресметка помеѓу него и Б.А.(38) од Скопје, од една страна и И.В.(20), Ј.В.(22) и Е.В.(30), сите од Кавадарци, од друга страна, појасни Додевски.

Тој информира дека по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1