ММС

Објавено на: 09/15/21 11:06 AM

Или вакцина или нема плата: Ултиматум за здравствените работници во Франција

Здравствените работници во Франција кои не се вакцинирани против коронавирусот, од денеска ќе биде суспендирани од работа. Околу 30 илјади медицинари се’ уште не се вакцинирани, а во некои болници би можело да дојде до недостиг на работна сила поради суспензиите. Во Франција вакцинацијата е задолжителна за медицинските работници, како и за вработените во итните служби.

Денеска им истекува рокот за да примат барем една доза за да не бидат суспендирани. Еден од најголемите француски синдикати на јавниот сектор CGT предупреди на „здравствена катастрофа“ доколку владата суспендира голем број здравствени работници и им забрани на лекарите од приватниот сектор да работат.

Суспендираните нема да може да примаат плата, а ќе им биде одземена и можноста за доаѓање на работа, но ниту еден медицински работник, според одуката на Врховниот суд, не смее да биде отпуштен. Французите веќе со недели протестираат ширум земјата против задолжителните санитарни пропусници, кои се потребни за влез во ресторани, кафулиња и музеи.

 

Фото:  Илустрација / Unsplash

Извор:    rs.n1info.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1