ММС

Објавено на: 09/15/21 8:06 AM

Сонце ќе не грее до сабота, од недела подгответе ги чадорите

Уште шест дена не делат до официјалното започнување на есента, па затоа и овие летни температури во септември не се чудни. Ни останува самоо да уживаме во сончевите денови, кои се повеќе се намалуваат.

Токму таква е и топла информацијата од УХМР дека времето денеска ќе биде сончево и топло, но со мала локална облачност, со слаб ветер од северозападен правец. Максималната температура  ќе достигне до 35 степени, велат од УХМР.

Скопје ќе живе со исто време, со максимална температура до 32 степени.

Според УХМР сонцето ќе не грее до сабота, бидејќи ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од недела температурите ќе бидат во постепено опаѓање


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1