ММС

Објавено на: 09/15/21 7:30 AM

Имавме два хакерски напади на системот за попишување, вели Симовски

Директорот на Државниот завод за статистика  Апостол Симовски вели дека нивната веб-страница е под постојан напад на хакери и оти имало два обиди за хакерски упади на системот за попишување, кои успешно биле одбиени.

-Постојано е хакирана нашата веб страница. Веројатно целта е корисниците да не бидат во можност да ги следат нашите информации. Во два случаи имавме обид за хакерски напад на самиот процес на пописот, но и двата се успешно одбиени. Не е предизвикана никаква штета. Немам сознанија од каде се, но знам дека денес може да се направи таков обид од било каде, а да не знаете од каде доаѓаат нападите, истакна Симовски синноќа во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24

Тој рече дека  има групации кои сакаат овој процес  да не успее и јавно повикуваат граѓаните да не се попишуваат но, како што вели, не може да разбере зошто овие групации се против пописот.

.Пописот, како што рече, може да покаже 1.800.000 граѓани, но не сакаше да прејудицира пред неговото завршување.

– Не би сакал да шпекулирам и очекувам дека ќе биде помал податокот од оној кој го имавме во 2002 година. Да почекаме, имаме уште малку време да го завршиме пописот и да завршиме со обработката на податоци и да излеземе со официјални резултати. Има некој индиции дека може да биде 1.8 или 1.9, но да не избрзуваме со прогнози, рече Симовски.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1