ММС

Објавено на: 09/14/21 8:01 PM

Синот моли за помош, може да биде доцна – Марина Туцаковиќ сместена во болница и приклучена на кислород

Милан Лача Радуловиќ се обрати за помош на социјалните мрежи откако здравствената состојба на неговата мајка се влоши.

Авторката на некои од најпознатите музички хитови на овие простори, 67-годишната Марина Туцаковиќ, веќе некое време има сериозни здравствени проблеми, а Курир пренесува дека најновата објава на нејзиниот син на социјалните мрежи е најдобар доказ за тоа.

Милан Лача Радуловиќ се огласи на својот профил на Твитер откако мајка му се разболе и откри дека итно им е потребна помош.

“Помош !!! Мајка ми има сериозно гушење. Теренската служба може да дојде само во 2 часот, што може да биде доцна. Таа не сака да оди во ковид легло. Дали има некој број од експерти што би можеле да ја слушнат што е можно поскоро. Ние сме во Белград, Врачар. Пишете ми на ДМ. Ви благодарам “, напиша тој во објавата што ја сподели.

Тој за Курир потврди дека Марина успеала да организира сместување во болница, но не сакаше да открие детали за нејзината моментална состојба.

 

„Имајте само добри мисли“, изјавил тој на кратко.

Како што пишуваат српските медиуми таа е сместена во една приватна клиника во Белград, приклучена на кислород, но како што рекл лекарите не е во животна опасност и се изгледа дека наскоро ќе се подобри нејзината состојба.

Марина, која со години се бореше со ракот на дојката, досега не го загуби својот позитивен став, а неодамна првпат се појави во јавноста без перика по губењето на косата.

Авторката, која напиша песни за Северина, Оливер, Миша, Магазин, Здравко Чолиќ и многу други, гостуваше во една емисија, каде што не носеше перика и имаше капа на главата, но направи осврт наназад на своето здравје и кариера.

Во таа прилика, таа призна дека ја погодува што некои познати личности не и се јавуваат, но таа не сакаше да открие за кого станува збор. Но, таа откри со кого разговара и кој се јавува да ја провери.

“Порано сите ми се јавуваа, а сега ваму -таму некој ми се јавува. Секогаш ми се јавуваат, особено оние од помладата генерација, Милица Тодоровиќ. Ова се деца со кои работев малку, секогаш ме прашуваат како сум, дали ми треба нешто и посреќна сум отколку да ми бара некој текст. Во контакт сум со сите со кои сум работела”, рекла Марина.

Извор: Дневник.хр

Фото: Србијаданас


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1