ММС

Објавено на: 09/14/21 6:21 PM

Сите зборуваат за бакнежот под маски на Бен Афлек и Џеј Ло

Џенифер Лопез и Бен Афлек не ја пропуштија ниту големата Мет Гала 2021. Со оглед на тоа дека поканата на Мет Гала е прашање на престиж, сосема беше очекувано дека и омилената холивудска двојка ќе се појави на црвениот тепих.

Една од холивудските ѕвезди што ја одбележа годинешната Мет Гала беше Џенифер Лопез, која не го пропушта овој настан од 2004 година.

По филмскиот фестивал во Венеција и музичките награди МТВ, Џеј Ло блесна и на овој настан.

Бен и Џенифер беа фотографирани заедно на црвениот тепих и двајцата носеа маски, според прописите поради пандемијата на коронавирус. Застанаа да позираат за новинарите, а една од највпечатливите фотографии е сцената каде Џеј Ло и Бен се бакнуваат, со маски.

 

Темата на оваа гала Мет беше американската независност, а обожавателите и модните критичари тврдат дека Џенифер одговорила на темата, и дека стајлингот не може да биде поамерикански од ова.

Носеше стајлинг инспириран од Дивиот Запад; долг кафеав фустан потпишан од Ралф Лорен, со изразено деколте, појас во стилот на каубојка, детали во форма на пердуви, но и длабоко деколте од предната страна што ги открива нејзините нозе, додека задниот дел на фустанот имаше вид на шлеп. Како вистинска каубојка, Џеј Ло носеше и шешир, а целото издание го заврши со сребрен накит и сребрени сандали.

Извор: Нова.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1