ММС

Објавено на: 09/14/21 3:49 PM

Жител на Виница наместо во изолација најден пред угостителски објект

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Д.Ј.(34) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, информираат од МВР.

На 01.09.2021, полициски службеници извршиле контрола и не го пронашле пријавениот во својот дом и покрај тоа што имал решение за изолација поради контакт со заболен од Ковид 19.

Подоцна, истиот ден тој бил забележан пред угостителски објект во Виница.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1