ММС

Објавено на: 09/14/21 3:17 PM

Директорот на ООУ „Лазо Ангеловски“ бил насилен кон вработена во училиштето

Постоење на насилство од страна на директорот на ООУ Лазо Ангеловски во Скопје кон вработена во истото училиште, утврди Граѓанскиот суд во Скопје. Пресудата е резултат на тригодишна борба на вработената преку нејзиниот полномошник, адвокатката Марта Гусар.

Вработената во ова училиште, после сите обиди да ги заштити нејзините права на ден 25 февруари годинава преку адвокатката Марта Гусар, до Основен Граѓански суд Скопје, поднесува  Предлог за изрекување на времени мерки за заштита од родово базирано насилство – домашно  насилство, поддржано и од страна на ЈУМЦСР  на Град Скопје со предлог за изрекување на времени мерки за заштита,  против директорот Перо Арсеновски од Скопје.

По спроведување на судска постапка од страна на судот констатирано е постоење на насилство од страна  на Перо Арсеновски со што изрешени се времени мерки за заштита од семејно – домашно насилство, како спрема вработената, така и спрема членовите на нејзиното семејство и двете малолетни деца кои впрочем се ученици во истото училиште.

На директорот му се забранува да се заканува дека ќе стори семејно насилство, му се забранува на Перо Арсеновски да ја малтретира, вознемирува и да врши семејно насилство врз неа, му се забранува да ја вознемирува и телефонира и му се забранува да ги вознемирува членовите на нејзинот семејство, и двете малолетни деца.

Времените мерки се изречени во времетраење од 6 месеци, започнувајќи од 2 септември.

Коалиција Маргини и Хелсиншкиот комитет за човекови права ја поздравуваат оваа одлука на Граѓанскиот суд во Скопје и ги потсетуваат институциите, особено локалната власт, дека образовните институции и средини не смеат да го толерираат, игнорираат, а уште повеќе поддржуваат родово заснованото насилство.

О.К.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1