ММС

Објавено на: 09/14/21 3:20 PM

Давањето лични податоци е забрането со посебен закон, но и казниво според КЗ, предупредија од ДИК

Децидно се уредува заштитата на личните податоци и правото на приватност во врска со обработка на нивните лични податоци, информираше денеска на седницата потпретседателката на Државаната изборна комисија, Дитмире Шеху.

Сите ОИК во својство на изборен орган должни се да ги почитуваат одредбите од Законот за заштита на личните податоци, бидејќи потпишале изјава за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци.

„Најстрого е забрането изнесување при фотографирање, фотокопирање, електронска пошта, телефонски, на документација која содржи лични податоци на кандидатите, како и на целата документација на ОИК кои ги обработуваат овие податоци. За прекршување на одредбите од законските прописи, кои ја регулираат заштитата на лични податоци согласно кривичниот законик се предвидени и соодветни санкции. Затоа, ДИК почнувајќи од нас самите, од вработените во ДИК, од помошните тела ангажирани, како и до сите изборни органи, ОИК и избирачките одбори бара целосно професионално и одговорно однесување во работењето од сите изборни органи согласно важечките законски прописи“, рече Шеху.

ОИК мора да внимаваат бидејќи давањето лични податоци освен што е забрането со посебен закон е и казниво според Кривичниот законик и некои дејствија што ќе го преземат по тој повод ќе зависат од органите на прогонот, истакна претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски.

Г.Д


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1