ММС

Објавено на: 09/14/21 1:07 PM

AХВ ги исклучи кучињата и мачките од кампањата „Стоп беснило”

Собрани се доволен број примероци од кучиња и мачки, поради што овие животни се исклучени од кампањата за подобар пасивен надзор на болеста беснило, соопшти денеска Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Оттаму наведуваат дека продолжува собирањето угинати животни (лисици, волци, чакал, куна, ласица и јазовец) за лабораториско тестирање за беснило.

-Кампањата „Стоп беснило” во изминатиот период ги даде очекуваните резултати. Со оглед дека се прибрани доволен број примероци од кучиња и мачки, ги исклучуваме овие видови животни од кампањата и за нив нема да се врши исплата. Кампањата „Стоп Беснило” продолжува со пријави и исплата на надомест за диви животни, кои може да се пријават или на мобилна апликација достапна на Google play store или на бесплатниот телефонски број 0800 00 210, велат од АХВ.

Според препораките на ветеринарите, секој што ќе види угинато животно, не треба да го допира. Најдобро е случајот веднаш да го пријави на 0800 00 210 или на мобилната апликација „Стоп беснило”.

Кампањата „Стоп беснило” почна на 30 јули со првиот дел – медиумска промоција на аудио и видео спотови за едукација на граѓаните.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1