ММС

Објавено на: 09/14/21 12:12 PM

Малолетник со тумор на едната подлактица доби коска од починат донор: Нова трансплантација на Клиниката за ортопедија

На Клиниката за ортопедија при ТОАРИЛУЦ оперирано е 17 – годишно момче со тумор на десната подлактица. Тимот хирурзи под раководство на проф д-р Милан Самарџиски го отстрани во целост туморот од долниот крај на радиусот и го замени со коска од починат донор. Ова е прва операција од ваков тип на Клиниката за ортопедија и во земјава, информираше денеска Министерството за здравство.

-Со вклучување на Клиниката за ортопедски болести во програмата за трансплантација на органи и ткива, се отворија нови можности за третман на пациенти со трауматски повреди, тумори и други дијагнози кои овозможуваат преку оперативен третман заболеното и оштетено коскено ткиво да се замени со ткиво од починат донор и со тоа да се спаси животот на голем број пациенти, стои во соопштението.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1