ММС

Објавено на: 09/14/21 9:48 AM

Покрај коронавирусот ракот е шега, од искуство тврди актерот Џеф Бриџис

Глумецот Џеф Бриџис на својата интернет-страница откри дека бил заразен со коронавирусот во јануари и бил в болница со недели, додека во истовреме бил и на хемотерапија за ракот. И Бриџис и неговата сопруга Сузан Гестон биле позитивни на коронавирус.

Таа „била в болница пет дена, а тој – пет недели“, како што пишува Бриџис. – „Причината поради којашто бев таму толку долго е тоа што мојот имунолошки систем беше истрошен од хемотерапијата. Мојот ’танц‘ (со Ковид-19) направи мојот рак да изгледа како шега“, додава тој.

Глумецот објави и дека неговиот рак е во фаза на ремисија. Нему му беше откриен лимфом минатиот октомври.

МИА

Фото: globalnews.ca


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1