ММС

Објавено на: 09/14/21 7:54 AM

Топи до 3.5 килограми неделно – Диетата со јајца ги полуде дебелките, но дали е добар овој режим за слабеење

Диетата со варени јајца станува се попопуларна, бидејќи сите знаеме дека јајцата се добар извор на протеини и една од најздравите намирници што можете да ја јадете за појадок.

За среќа, оваа диета не значи дека треба да јадете само варени јајца, туку тие се основата на секој оброк. Нутриционистите објаснуваат дали ова е добра идеја.
На диета со варени јајца, одредена храна е забранета. Не смеете да јадете компири, грашок, мешунки, банани, ананас, сушено овошје … Тоа значи избегнување на леб и слатки. Оние кои ја пробале велат дека нивните искуства значат губење помеѓу 500 грама и килограм дневно.
Варени јајца со овошје се јадат за појадок, варени јајца со зеленчук или друг протеин со малку маснотии како пилешко или риба за ручек и вечера.

– Секој пат кога ќе исфрлите група на храна, како што се јаглехидратите, може да ослабите, но сигурно нема да има долготраен ефект. Оваа диета едноставно не му дава на телото се што е потребно за да функционира на здрав начин, вели нутриционистот Елин Палински-Вејд.

– Исто така, две јајца дневно се во ред, но пет или шест, како што диктира оваа диета, веќе е погрешно. Јајцата содржат заситени масти и холестерол, поради што не треба да се јадат во такви количини долго време, заклучила таа.

Извор и фото:srbijadanas.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1