ММС

Објавено на: 09/14/21 7:01 AM

Сонцето ќе ни се смее до петок со летни температури

Убав сончев септемвриски ден, ваква е прогнозата на УХМР за денес. Според нив денес ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој во пределот од кумановско до штипско краткотрајно ќе засилува. Температурата ќе достигне до 35 степени, а УВ индексот ќе изнесува 6.

УХМР информира дека ваквото време ќе се задржи  и во наредните денови, по што кон крајот на  недела ќе се зголемат условите за појава на нестабилност и пороен дожд проследен со засилен ветер.

Уживатјте во сончева работна недела, бидејќи викендот не очекува дожд.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1