ММС

Објавено на: 09/13/21 9:54 PM

(ВИДЕО) Агресивен обожавател и се нафрли на Џеј Ло, Бен Афлек го турна

Очекувано, Џенифер Лопез привлече големо внимание на овогодинешниот филмски фестивал во Венеција, каде се појави со Бен Афлек на премиерата на неговиот најнов проект – историската драма „Последниот дуел“, во режија на Ридли Скот. Меѓутоа, откако ја напуштиле Венеција, доживеале непријатност на аеродромот.

Пред аеродромот Марко Поло во Венеција, Џенифер и Бен имаа донекаде шокантна ситуација. Актерот мораше да застане помеѓу агресивен обожавател без маска кој одеднаш истрча кон Лопез, бидејќи сакаше да се фотографира со двајцата.

Целата ситуација ја забележаа папараците кои беа таму, а како што може да се види на видеото кое набргу се појави на интернет, Афлек го оттурна мажот од неговата девојка, додека таа се повлече зад него. Нивниот телохранител исто реагираше веднаш, фаќајќи го обожавателот за раце и оттурнувајќи го од славниот пар.

Пејачката остана мирна, не дозволи ситуацијата премногу да ја вознемири. Со насмевка на лицето, таа се заблагодари на персоналот на аеродромот за помошта и се упати со Бен во нејзина насока.

Бенифер, како што медиумите ги нарекуваа на почетокот на врската, беше главната тема откако ја обновија романсата. Тоа се случи откако Џенифер раскина со поранешниот безбол играч Алекс Родригез. Таа го имаше своето прво официјално јавно појавување со Афлек во саботата на црвениот тепих на Венецијанскиот фестивал.

Извор: Нова.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1