ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 09/13/21 8:36 PM

Дали си добро? Ким се појави покриена од глава до пети, ама буквално

Ким Кардашијан се појави во Њујорк во навистина неочекувано издание.

Таа дојде во хотелот Риц Карлтон од глава до пети, облечена во кожен костим на Баленсијага. Кога велиме од глава до пети, овој пат буквално мислиме од глава до пети, бидејќи и таа го покри лицето со кожна маска со патент на лицето и на очите.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian)

Ким се пофали и со својата комбинација на облека на Инстаграм, но судејќи според коментарите, стилот не им се допадна баш на нејзините обожаватели. Таа загрижи многумина и ја прашаа дали е добро.

„Ким, мила, нееее, ова не е американска хорор приказна“, „Госпоѓо, дали сте добро?“, „Ова не е вашето најдобро издание“, „Ким, што е ова?“, „Ова само изгледа глупаво “,”Во што тоа јас гледам?” беа само дел од коментарите.

Таа, исто така, на некои ги потсети на нејзиниот поранешен сопруг Кание Вест, кој исто така неодамна се појави со маска што го покрива целото лице и глава.

“Дали сте повторно заедно?” се прашуваа некои обожаватели.

„Ова се случува кога поминувате премногу време со Кание“, се пошегува некој.

Извор: Индекс.хр


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1