ММС

Објавено на: 09/13/21 5:52 PM

Димитриевски: Општините се сиромашни во услови на стопирана децентрализација (видео)

По два мандати во Советот на Општината Куманово, од кои еден како негов претседател, Максим Димитриевски вели дека улогата на градоначалникот ја доживувал поинаку, како претставничка улога на граѓаните. Но, набргу сфатил дека градоначалникот е на еден начин, хаусмајстор на градот. Вакво е размислувањето на актуелниот градоначалник Максим Димитриевски, кој по четири години на чело на најголемата општина во државата, а претходно и граѓански репрезент во Собранието на РСМ, се соочи со тоа неговата матична партија да му сврти грб, по што тој поднесе независна кандидатура за претстојните Локални избори.

Во октомври 2017 година, кога го презеде градот, Димитриевски наишол на блокирана општина, презадолжени и блокирани јавни претпријатија. Државата не само што не помогнала, туку уредно си ги наплатила сите долгови што кумановските комунални претпријатија ги имале на име на камати, од кои не сакала да се откаже. Како пример, кумановскиот градоначалник го истакнува долгот од 20 милиони денари, за кои на државата и’ биле вратени над 100 милиони денари камати.

-Државата ги цица тие што и должат и не сака да ги отпише каматите. За илустрација, во 2004 и  2006 година општината има земено кредит за водоснабдување – од конфликтот од 2001 кога Липковска брана беше затворена Куманово остана без вода. Кога се пушти системот, дојде до големи дефекти, земавме кредит од ЕБРД во износ од 3,5 милиони евра, за кој гарант беше државата. Јавното претпријатие не можеше да го сервисира долгот, ние секако сега го вративме во oвие четири години, но со дополнителни 115 милиони денари или 2 милиони евра кон државата. Не е дозволиво родителите да ги цедат своите деца, затоа што општините се сепак деца на државата и треба со дополнителни законски решение тоа да се реши, смета Димитриевски.

Затекнал колабирани комунални претпријатија

Кумановскиот градоначалник потсетува дека на почетокот на неговиот мандат се соочил со три целосно колабирани претпријатија, од кои во целосна финансиска блокада ЈП Куманово паркинг, дел се стабилизирани, останаа Чистота и ЈП Водовод, додека Куманово паркинг и Куманово гас се веќе стабилни претпријатија.

-ЈП Пазаришта исто така тешко опстанува поради намалениот промет, ковид кризата, но дел од партиските вработувања, што создава голем проблем со превработеност. Во вториот мандат ќе мора да се направат драстични промени, преку јавно приватно партнерство по пример со уличното осветлување. Денеска Куманово е еден од најдобро осветлените градови од државата, рече Димитриевски, кој го истакнува проблемот со спорото донесување на документи од доменот на урбанистичкото планирање и бирократските и законски процедури. Исто така, проблем е како што вели и администтацијата и Законот за административни службеници, што не дозволува да се избираат луѓето.

-Имате околу 70% административци коишто добро си ја работат својата работа, но други 30%, кои буквално доаѓаат за да си го поминат денот, знаејќи дека некој се заложил зад нив да бидат вработние на таа работна позиција. Јас се соочив со тој факт, но треба секој да сфати дека таму дошол поради граѓаните. Тешко се менува менталитет, но ќе се бориме да добиеме квалитетна и посветена администрација во функција на граѓаните, е дециден Максим Димитриевски.

Кој како ќе дојде, сите ветуваат поголема децентрализација, но кога ќе видат дека треба да дадат повеќе средства, се повлекуваат, оценува Димитриевски, според кој општините се сиромашни, со малку исклучок на неколку, кои имаат концесии.

-Пред две години државата имаше добра иницијатива, останаа вишок средства, беа поделени на општините, но не беа поделени на конструктуивен начин. Пример со Арачиново –  има нула приход од данок, а добија пари – ние успеавме да собереме средства и сами да ги решиме долговите. Ние добивме под 2 милиони евра, за разлика од Општина Охрид, која доби 10 пати повеќе од нас, тие средства по пат на камати и’ ги вратиме на државата и излезе дека државата ни врати дел од нашите пари. Неминовна е децентрализацијата, едноставно не можете да правите регионален развој со 2-3 милиони евра во најнеразвиениот дел, државата ќе мора да обезбеди многу повеќе средства. Во Агенција за рурален развој аплицираме со три проекти, двата беа усвоени, едниот не, до ден денеска се платени само 50% и ние моравме од наши средства да платиме за изведувачите да не не’ тужат, вели Димитриевски.

СДСМ е нивен колку што е мој

Послушниците добиваат можноснот, додека пркосните, не ја добиваат – е ставот на Димитреивски за партиската демократија во СДСМ, која најави негово исклучување.

-Од мене не со откажа мојата партија, туку некои поединци во раковството на мојата партија има за цел да доведат до тоа, но јас лично, со моето семјество сум социјалдемократ од 1995 година наваму, најголемиот круг на луѓе исто се социјалдемократи, најголем дел од тие што ја подржаа оваа иницијатива се социјалдемократи. Мене не може да ме избрка никој од СДСМ. СДСМ е нивен колку и мој, го создавале генерации и  генерации наназад.  Чекам да ме повикаат соглласно  Статуот и да разговараме на оваа тема. Во Куманово на овие избори ќе изгуби СДСМ,  но повторно ќе победи СДСМ низ проектот „За наше Куманово“, одговори Димитриевски.

Очекувам и веќе се случуваат притисоци врз луѓето околу мене, но притисоците не поминуваат – на крај ние самостојно заокружувме на избори, објаснува Димитриевски, кој порачува:

Очекувам и веќе се случуваат притисоци врз луѓето околу мене, но притисоците не поминуваат – на крај ние самостојно заокружувме на избори, објаснува Димитриевски, кој порачува:

-Кој и да дојде на позицијата градоначалник на Куманово, за прв пат во историјата на градот затекнува 4 милиони евра во функција на развојот на градот. Ќе водам позитивна кампања, иако опструкциите веќе се случуваат. Жалам што многу професионалци во МВР се користат во таа кампања – ако имате началник кој врбува и убедува луѓе, или поединци во други државни институции. Тоа се случуваше во минатото, во времето на Никола Груевски и се боревме против тоа, но сега се случува истото, но на квадрат, вели Максим Димитриевски, градноначалник на Општина Куманово.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1