ММС

Објавено на: 09/13/21 5:30 PM

Во последните 24 часа починаа 18 лица, нови 183 случаи со Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во изминативе 24 часа се направени 2,035 тестирања, а регистрирани се нови 183 случаи на Ковид-19. Починати се 18 лица, а оздравени 531 пациент. Бројот на активни случаи е 13.045.

Повеќе од половина од новопријавените случаи се од Скопје – 132. Тринаесет случаи се регистрирани во Куманово, а шест во Кавадарци. По три нови случаи има во Прилеп, Струга и Крива Паланка, по два во Тетово, Битола, Велес, Охрид, Струмица, Кичево, Кратово и Демир Капија и по еден нов случај е  регистриран во Гостивар, Штип, Кочани, Гевгелија, Свети Николе, Берово и Македонска Каменица.

Од починатите пациенти, најмладиот е на 48-годишна возраст од Тетово. Девет починати пациенти се од Скопје (85г, 80г, 69г, 67г, 64г, 61г, 59г, 57г, 52г), четворица од Кавадраци (88г, 88г, 72г, 60г), по две починати лица има од Тетово (81г и 48г)  и  од Битола (81г, 79г) и едно починато лице е од Гостивар (78г).

Шестнаесет се починати во болнички услови, а две лица во домашни услови.

Во земјата се направени вкупно 1.225.089 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица изнесува 183.705, а бројката на оздравени е 164.383. Починати се 6.277.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1