ММС

Објавено на: 09/13/21 12:15 PM

Се степале фудбалерите на Тетекс и Кадино: Полицијата приведе четворица од нив

Четворица фудбалери на второлигашите Тетекс и Кадино завршија во полициска станица после првенствениот натпревар поради физичка пресметка помеѓу играчите од двата тима, соопштија денеска од СВР Тетово.

– Полициски службеници ги лишиле од слобода Д.М.(20), Х.Д.(29) од Скопје, фудбалери на ФК „Тетекс” и М.Р.(20) и В.И.(29), фудбалер и претставник на ФК „Кадино” од истоименото скопско село, а поради нивна инволвираност во физичка пресметка по завршувањето на првенствениот фудбалски напревар помеѓу овие две второлигашки екипи. Покрај тоа, Д.М. со пластично шише удрил полициски службеник кој преземал службени дејствија околу физичката пресметка, а Х.Д. попречувал полициски службеник при преземање службени дејствија. Се расчистува и документира случајот и ќе следуваат соодветни поднесоци, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Дуелот заврши со нерешен резултат 1-1. Во текот на натпреварот имаше и голем број вербални конфликти помеѓу фудбалерите. Во овој преоден рок фудбалери имаше преминување од Кадино во Тетекс и обратно.

 

Фото: Архива

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1