ММС

Објавено на: 09/13/21 9:04 AM

Во Турција откриен необичен облик на ковид-19: Лекарите мислеле дека пациентот има рак на белите дробови, потоа останале без текст

Педесет и двегодишен Турчин би можел да биде единствен пример во однос на начинот на кој бил „нападнат“ од коронавирусот. Според зборовите на неговата докторка, пациентот имал симптоми на вирусот кои се многу слични на симптомите на рак на белите дробови.

На овој пациент кој живее во јужната турска провинција Кахраманмарас првично му бил дијагностициран рак на белите дробови, но пред операцијата за отстранување на туморот, тој бил позитивен на ковид-19. По оздравувањето од инфекцијата, на изненадување на лекарите, немало траги на малигнитет.

Докторката Фатос Козанли, која го следела овој пациент, изјавила дека пациентот би можел да биде прв во светот заразен со таков облик на вирусот. Тој имал болки во градите кога бил хоспитализиран, кога било констатирано дека има тумор на десното белодробно крило. По прегледот му бил дијагностициран рак и му била закажана операција, која сепак била одложена кога тој добил позитивен резултат на тестот за ковид-19. Козанли, која требало да го оперира, ги направила последните снимки откако тестот на пациентот за ковид бил негативен. Тогаш докторката дознала дека пациентот воопшто нема тумор.

„Имаше симптоми многу, многу слични на рак на бели дробови. Но последното снимање пред операцијата покажа дека тоа исчезнало. Бевме изненадени. Туморот не може да исчезне сам од себе. Да имаше некоја друга болест, ни тоа не би исчезнало за толку кратко време. Нашите наоди покажаа дека коронавирусот во целост се манифестираше како ракот на бели дробови“, изјави Козанли.

Докторката забележала дека иако пациентот го имал вирусот, ги немал симптомите кои вообичаено се поврзуваат со болеста – како кашлица или висока температура.

„Имаше само болка во градите, која првично би можела да се поврзе со карциномот на бели дробови“, изјавила докторката за новинската агенција ДХА. Таа додала дека прочитала и низа меѓународни медицински списанија и не дошла до сознанија за таков случај.

 

Фото: Илустрација  / Unsplash

Извор:  informer.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1