ММС

Објавено на: 09/12/21 10:02 PM

Кога дозна дека има леукемија се уплаши замина од дома и умре – Пејачот Масимо Савиќ прв пат прозборе за семејството

Хрватската ѕвезда Масимо Савиќ беше гостин на српската Пинк телевизија и за прв пат откри детали од неговиот живот, за кои никогаш не зборувал. Откри кој е неговата најголема поддршка од неговото семејство, па зборуваше за раното детство и неговите родители.

-Моите први музички моменти ги доживеав со тетка Елеонора. Таа беше мојата најголема поддршка во детството. Мајка ми си е мајка, но, нејзината најмлада сестра ми беше најдобра пријателка и останавме добри до ден -денешен. Имаше тешки денови кога мајка ми и татко ми се разведоа, но не толку тешки за да остават трага врз мене. Бев доста зрел. Односот помеѓу моите родители беше романтичен и бурен. Се запознале кога тој бил слеп, пред операцијата. Мислеле дека нема да ја преживее операцијата, но ете успеја. Тој не гледал до неговата 61 година. Имаше многу голема диоптрија. Тој и’ рекол на мајка ми: „Може ли да те посетам кога ќе прогледам и да се венчаме?“ И така се случило. Нив подоцна ги раздели болеста. Нему му дијагностицираа леукемија, се исплаши, само замина од дома и умре – вели Масимо за неговите родители , и додава:
-Не знаевме каде е некое време. Потоа откривме дека живее со жена, која исто така умирала од рак. Тој беше ужасно погоден од таа болест. Мислев дека ќе ја победи болеста, но ете не се случи. Секој пат за мојот роденден испраќаше подароци во лимузина. Не стигнав да му кажам многу. Бевме ужасно врзани додека тој беше тука. Дури подоцна дознав се’ за него од неговите пријатели, изјави Масимо.
И покрај се’, тој кажа дека не би променил ништо во животот, па се врати  назад во периодот на војната и откри што научил од тој тежок период:

-Многумина ме гризеа, но стигнав до целта без ниту едно искинато парче. Многумина се обидоа да ми попречат. Имаше секакви инсинуации за време на војната. Војната ми остави длабок траг. Ме научи да не давам доверба туку така,  како и да го задржам мојот мал круг на големи луѓе, тоа се оние кои стојат во прегратка. Мојата ќерка, сопругата и кучето. Мојата најголема љубов е мојата сопруга – заклучи Масимо.

Фото: kotorart.me/


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1