ММС

Објавено на: 09/12/21 5:16 PM

Следните неколку дена значително топло време за овој период од годината

Временската проноза за утре предвидува сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб слаб до умерен, а во северниот дел од Повардарието и засилен ветер од северен правец. Во планинските подрачја можна е ретка појава на краткотраен дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степена. УВ=6

 Во Скопје, сончево со мала облачност и со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 31 степен.

Во следните неколку дена следува период на значително топло време за овој период од годината.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1