ММС

Објавено на: 09/12/21 2:22 PM

Имала 16 операции помеѓу кои две трансплантации: Животната приказна на актерката од „Модерно семејство“

Ѕвездата од хит серијата „Модерно семејство“, Сара Хајленд (30), помина низ вистински пекол поради влошената здравствена состојба.

Имено, на актерката и била дијагностицирана бубрежна дисплазија како мала, што значи дека нејзините бубрези не се доволно развиени за да ја извршуваат својата функција во нормална мера. Со цел да и помогне на својата ќерка, таткото на актерката и донираше бубрег во 2012 година. Во интервју за американските медиуми, Сара откри дека времето после трансплантацијата и било исклучително тешко и дека смета дека тој период е тој што ја зајакнал повеќе од било што друго. Меѓутоа, трансплантацијата не завршила успешно бидејќи телото на актерката го одбила бубрегот, па морала повторно да оди „под нож“.

Шест месеци по втората операција, лекарите откриле дека нејзиниот брат Јан исто така бил соодветен донатор, па тој и го донирал својот бубрег. Втората трансплантација на актерката поминала многу полесно, како и нејзиното закрепнување после тоа. Меѓутоа, ниту нејзините маки не завршиле тука.

По две трансплантации, Сара била шокирана од лекарите со дијагноза ендометриоза на матката и јајниците, која исто така морала итно да ја оперира.

Набргу по таа операција, таа морала да се оперира од „кила“, што било последица на претходната операција.

На само 30 години, актерката имала 16 големи операции, а повеќе од 10 од нив се случила за време на снимањето на серијата „Модерно семејство“. Колегите актери ја опишуваат Сара како силна и храбра жена која е прекрасен пример и инспирација за луѓето од целиот свет.

Покрај колегите и семејството, Сара наоѓа голема поддршка и во својот вереник Велс Адамс, со кого се запозна неколку дена по втората трансплантација на бубрег.

Преземено од: https://www.kurir.rs/
Фотографија: Profimedia


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1